Следниот месец ќе биде објавен јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД-програмата за период од 2007 до 2013 година, најави Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Финансиските средства се наменети за мерките инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на ЕУ и диверзификација и развој на руралните економски активности.
Следниот месец ќе биде објавен јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД-програмата за период од 2007 до 2013 година, најави Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Финансиските средства се наменети за мерките инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на ЕУ и диверзификација и развој на руралните економски активности.
Според Агенцијата, повикот ќе значи поголем обем на потенцијални корисници, можност за набавка на земјоделска механизација, вклучувајќи и трактори, како и зголемени финансиски лимити за крајните корисници на финансиската поддршка.
Огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавувањето во дневните весници. Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатствата за корисниците на ИПАРД-средства, ќе бидат објавени на веб-страницата на Агенцијата во периодот до објавување на јавниот повик.